Поранешната девојка на Бака Прасе ги воодушеви сите со својот талент: Обожавателите немаа идеја за оваа страна на Ања
Луѓето во коментари открија дека се помалку изненадени, бидејќи ова не го очекуваа од неа...
Ања е полна со изненадувања - и тоа од оние пријатните. Иако Ања Благојевиќ ја знаат сите како поранешна девојка на јутјуберот Бака Прасе, таа сега покажа и една своја страна за која никој не знаеше дека постои.
Секогаш сите инфлуесери се доживуваат како луѓе кои само знаат да се фотографираат, но секој од нив има свој скриен талент кој можеби нема веднаш да го открие. Ања, дефинитивно ги изиненади сите кога откри една своја друга страна за која обожавателите не знаеја.
По неодамнешниот крај на врската, на ТикТок ја покажа и својата ранлива страна, бидејќи каква и да е разделбата, таа секогаш е болна и секој со неа се носи на свој начин. Ања, по крајот на врската почнала да слика. Да, добро прочитавте, земала темперни и платно и се фрлила на цртање и мора да признаеме дека во неа се крие вистински уметник. Објави видео во кое прикажува делови од процесот, како и крајниот резултат, кој е апсолутно воодушевувачки.
Како што кажавме, бидејќи поминува низ разделба и сликата е со љубовна тематика. На сите им малку тешко да веруваат дека навистина таа ја има насликано. Обожавателите се апсолутно воодушевени од неочекувата страна на Ања. Кој би кажал дека е и уметник.
Ова е уште еден доказ дека само затоа што некој е инфлуенсер, не значи дека само тоа знае да го работи. Се надевам дека оваа не е прва и последна уметничка слика која ќе ја видиме од Ања.