Поранешното момче на Анастасија е уловено со дури три девојки: Додека таа ужива во љубовта со фудбалерот, Ѓорѓе ги „шета“ нејзините двојнички (ФОТО)
Поранешното момче на Анастасија Ражнатовиќ, Ѓорѓе Куљиќ е уловено на Србија Опен во друштво на три убавици...
Анастасија по крајот на врската со Ѓорѓе повторно е среќна во љубовта и тоа со фудбалерот Немања Гудељ. Вестите за нивната врска дојдоа изненадно, набрзо откако пејачката во едно интервју призна дека е подготвена за нова љубов, а како што пренесуваат српските медиуми, заедно со Гудељ е околу еден месец.
Заљубената тазе двојка ретко се разделува, а пејачката многу време поминува во Шпанија, каде што е стациониран фудбалерот поради деловните ангажмани. Меѓутоа, многумина се прашуваат што се случува со нејзиното поранешно момче по крајот на врската.
Имено, иако ретко се појавуваше во јавноста и за време на врската со Анастасија, по раздеблата буквално го немаше никаде. Дури сега папараците успеаја да го уловат на Србија Опен и тоа во друштво на три убавици.
фото: MILAN MARICIC/ATAIMAGESЃорѓе кој не ги пропушташе натпреварите на Нова ни додека беше во Америка, уживаше во ложата со широка насмевка на лицето, а многумина искоментираа дека неговите пријатели потсетуваат на Анастасија.
Дали некоја од нив успеала да му го освои срцето, или е само пријател со нив, не е познато, но и повеќе од јасно е дека нивното друштво му годи.
фото: Принтскрин / Инстаграм