Порасна малиот Лука: Стефан Богоев е среќен татко

Порасна малиот Лука: Стефан Богоев е среќен татко

Објавена во: Совети // Семејство

Во ноември минатата година, малиот Лука наполни една годинка.

Синот на Стефан Богоев е слатко детенце, а неговиот татко често знае да сподели како им поминуваат деновите.

„Лука - среќа во 13 кила вреќа“ - напиша Богоев во последната објава на социјалните мрежи.



Богоев со Ивана Анѓеловска стапи во брак во 2018 година, a ја запроси во февруари истата година.

За свечениот момент одбра симболичен датум - нејзиниот роденден. Тогаш, за „Женски Магазин“ ја раскажа нивната љубовна приказна:

- Се запознавме пред скоро девет години. Пред тоа воопшто не се познававме. Се најдовме во „Клуб Картел“ кој тогаш постоеше. Од првиот момент имаше искра и почнавме интензивно да комуницираме. Почнавме и да се гледаме, беше убаво и да бидам искрен уште оттогаш имав претчувство дека ќе трае. Оттогаш, покрај љубовта станавме и најдобри другари, партнери. Споделуваме сѐ. Ивана ми е и најголема поддршка во кариерата, а и јас во нејзината – ни раскажа Богоев тогаш.


ФОТО: Инстаграм

Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: