Порнографијата, малтретирањета, кражби на идентитет го дрмаат интернетот
Со моменталната распространетост на технологијата, неизбежно е дека децата ќе бидат изложени пред екраните. Технологијата стана дел од забава, комуникациско средство, но и дел од образовниот систем. Предностите на интернетот ги надминуваат неговите ризици и затоа во ред да им се дозволи пристапот на децата, но истиот мора да биде контролиран од родителите.
Според истражувањето кое го спроведе компанијата IPSOS, родителите не се загрижени за сигурноста на своите деца кога е интернетот во прашање. 92% не користат апликација за заштита на децата и нивниот сигурен пристап на интернет, но дури 93% од нив не сакаат да ја користат.
Но, опасностите на интернет се бројни, особено за децата. Нарушувањето на приватноста, онлајн малтретирањето, изменување на пораките со сексуалните содржини), порнографијата, лажното претставување, лажните вести, говорот на омраза или кражбите на идентитет се само некои од опасностите кои го демнеат интернетот. Во продолжение нудиме 5 основни чекори со чија помош ќе ги осигурате децата од опасностите на интернет.
# Нека ви бидат децата пред вид
Никогаш не ги оставајте децата без надзор додека пребаруваат на интернет. Децата се радознали, но шансите за да гледаат непримерна содржина се помали доколку знаат дека родителите се во близина. Доколку се случи случајно да отворат непримерна содржина, родителите би требало да разговараат за тоа, за детето да не се почувствува посрамено или помисли дека ќе биде казнето.
# Користете апликација за заштита на децата
Задолжително проверете ги и подобрете ги сигурносните опции на уредите кои имаат пристап до интернет за да ги заштитете од вируси, но и децата од опасности. Освен тоа денес се достапни сервиси кои додатно може да направат рестрикција на пребарувањата. Со нив може да се заклучат различни апликации, филтрирани содржини, да се постави временско ограничување за користење на уредите.
# Поставете временско ограничување
На пример, тоа нека биде пола час дневно и откако ќе биде завршено домашното и сите останати обврски. Американската педијатриска академија не препорачува повеќе од еден час дневно да се користат квалитетни содржини за деца од 2 до 5 години. Едноставно е, помалку време пред екран значи повеќе време за играње. Временското ограничување исто така можете да поставите со помош на апликацијата за заштита на децата.
# Проверете ја историјата на пребарување
Родителите би требало да имаат навика редовно да ги прегледуваат пребарувањата на уредите. Доколку родителот открие дека детето посетило некоја недозволена мрежна страница, треба да има разговор со детето за сигурноста на интернет. Секој интернетски пребарувач во своите опции, ја нуди опцијата „историја“ на која може да се види листата и времето на посетените мрежни страници.
# Научете ги да ги штитат личните податоци
Децата не може да почувствуваат какво место е всушност интернетот. Улогата на родителот е да ги предупреди на опасностите и да ги научи дека секоја содржина на интернет останува засекогаш, бидејќи секогаш на некој начин може да се дојде до неа. Поради тоа важно е децата да научат дека на интернет никогаш не се споделуваат личните податоци како што се на пример целото име и презиме или адреса, но и да не праќаат фотографии на странци.