Посреќни од било кога: Како им изгледа животот на Ариана Гранде и Далтон Гомез по венчавката?

Посреќни од било кога: Како им изгледа животот на Ариана Гранде и Далтон Гомез по венчавката?

Објавена во: Совети // Boys and Girls

Ариaна Гранде и Далтон Гомез постепено се навикнуваат на својот нов живот како сопружници. Помина еден месец од нивната венчавка, но за оваа позната двојка сè уште се пишува секој ден. Тие се многу среќни заедно, а извор близок до нив открива дека конечно им олеснило и дека биле целосно опуштени откако се венчале. Иако тие се мета на новинарите, воопшто не се загрижени за тоа и уживаат во својата среќа!

„Ариана и Далтон многу уживаат во брачниот живот. Таа ересреќна е и изгледа дека конечно ѝ олесни. Се чувствува како да влегува во ново поглавје во животот и е многу возбудена за тоа каде ќе ја однесе тоа. Пред да се венчаат, двајцата мислеа дека нема да можат да бидат толку отворени за својата врска, без јавноста и медиумите да бидат над нивните глави, но сега видоа дека сè оди како што треба. Тие планираат да патуваат повеќе заедно и се чини дека се поблиски од кога било“ - откри изворот.


Објавена во: Совети // Boys and Girls

Можеби ќе ве интересира: