Постои добра причина: Зошто пакувањето со чипс никогаш не е полно?
Сигурно сте забележеле дека пакувањата со чипс се секогаш надуени и половина полни.
Доколку сакате да купувате чипс, без оглед на тоа за кој бренд станува збор, тогаш знаете дека таа ќе биде половина полна, што е прилично разочарувачки.ж
Меѓутоа, малку кој знае дека за тоа постои добра причина.
Во преработувачката индустрија празниот простор околу производот намерно се остава, а идејата за тоа е дополнителниот простор со кој чипсот се штити од оштетување.
Имено, патот на пакувањата со чипс од фабриките до продавниците може да биде прилично долг. Доколку е полно пакувањето, дури и најдобрите и најтешки парчиња чипс би се направиле како куп трошки.
Меѓутоа, тоа не е воздух - чипсовите всушност се полни со азотен гас за што подолго да останат свежи.
Доколку амбалажата ја наполниме со обичен воздух, чипсот брзо би станал влажен и би се расипал.
Имено, уште од 1994 година научниците откриле дека изложувањето на чипсот на азот не помага само во продолжувањето на рокот на траење, туку и дека го подобрува неговиот вкус.
Во прашање е природен гас кој е потполно сигурен.