Постојат 9 видови на интелигенција: Која е твојата?
Сигурно веќе многу пати сте биле на предавање и сте го слушале професорот, но едноставно како да не можевте да запаметите ниту збор. Можеби тогаш се прашувавте што не е во ред со вас и дали воопшто сте интелигентни. Не грижете се, секој е паметен на поинаков начин.
Теоријата на видовите на интелигенција ја разви Ховард Гарднер, доктор по наука и професор на Универзитот Харвард. Гарднер низ многу истражувања закчлучи дека човековите вештини почнуваат со нивната интелигенција.
YourTango ги објави видовите на интелигенција кои докторот Гарднер ги има дефинирано:
# Натуралистичка интелигенција
Луѓето со природна интелигенција се чувствителни на природа. Тие честопати се вклучени во одгледување на растенија, се грижат за животните и се одлични во интеракцијата со нив. Тие сакаат да имаат миленичиња, да учат за природата и сакаат да кампуваат, пешачат и планинарат. Тие исто така имаат развиена свест за времето што се менува.
# Музичка интелигенција
Доколку сте музички интелигенти, тогаш ја сакате музиката, го разбирате ритамот, композицијата и сте надарени за складирање, пеење и свирење на разни инструменти. Вие лесно паметите песни, разликувате различни звуци, можете според мелодијата да заклучите за која песна станува збор и скоро секогаш некоја песна свири во вашата глава.
# Логичко - математичка интелигенција
Доколку ова е вашиот вид на интелигенција, имате способност за концептуално и апстракно размислување и можете да ги препознаете логичките и нумерички обрасци. Младите личности со многу логичка интелигенција ги интересираат аритметички проблеми, стратешки игри и разни математички експерименти.
# Егзестенцијална интелигенција
Луѓето со овој вид на интелигенција се занимаваат со длабоки прашање за човековото постоење и постојано размислуваат за смислата на животот, зошто умираме и како сме настанати.
# Интерперсонална интелигенција
Поединецот со овој вид на интелигенција може да открие и реагира на расположенија, мотивации и други желби. Доколку ова е вашиот вид на интелигенција, вие сте лидер помеѓу вашите врсници, одлични сте во комуникацијата и ги разбирате ставовите и мислењата на другите.
# Телесно - кинестичка интелигенција
Јасно е дека луѓето со ваков вид на интелигенција сакаат физичка активност, без разлика дали станува збор за спорт, танц или било која друг вид на акција. Тие имаат потреба да бидат активни. Учат работејќи, добро се вклопуваат со фантастични моторички способности, имаат тон физичка енергија и уживаат во размислување како работите функционираат.
# Јазичка интелигенција
Доколку уживате во читањето, пишувањето и учењето на јазик, тогаш можеби го имаат овој вид на интелигенција. Луѓето кои се благословени со јазичка интелигенција се добри во проучувањето на објаснувањето на работите на другите. Можете да ги воочите граматичките грешки, имате богат вокабулар, можете да се сетите на познати цитати и поговорки.
# Интераперсонална интелигенција
Луѓето со интераперсонална интелигенција многу паметно размислуваат за сопствените чувства, мотивација и цели. Тие се самоуверени, перфекционисти, независни, интуитивни, интровертни, па затоа најуспешно учат и работат кога се сами.
# Просторна интелигенција
Доколку го имате овој вид на интелигенција, можете да размислувате во слики и да визуелизирате нешто како апстрактно. Со други зборови, можете да размислувате во три димензии. Луѓето со ваков вид на интелигенција често фантастично се снаоѓаат во лавиринтите и сложувалките, а поголемиот дел од слободното време го поминуваат цртајќи и сонувајќи.