Потресен статус на момчето чија девојка почина: Како денес да ги утешам твоите родители?

Потресен статус на момчето чија девојка почина: Како денес да ги утешам твоите родители?

Објавена во: Boys and Girls, Семејство

„Денес ме чека најтешкиот ден во животот. Заминуваш. Засекогаш. Без последен поздрав, без последна прегратка, без последен бакнеж. Со тебе заминува и дел од мене“ - ова се потресните зборови со кои Божа Лишиќ на Фејсбук јавно се опрости од својата девојка Вида Милиќ, која со својата сестра Добрила, загина во сообраќајна несреќа.

„Ми се пикна под кожа и остави трага која не може да се избрише. Многумина велат: 'Судбината така сакала'. Судбина? Чуден е тој поим судбина кој си игра со нас, ги зима нашите најмили. Што си и ти крива, ти која не би згазила ни мравка, ти која беше полна со живот, ти која секогаш беше насмеана и ведра, ти пред која беше животот. Знам дека си на подобро место, но како да продолжам понатаму? Како после толку убави работи? Како покрај толку неостварени желби и планови?“ - напиша Божа.

„Уште те посакувам, го знаеш она моето: никогаш не ми е доволно од тебе. Како денес да се утешам себе и да прифатам дека повеќе никогаш нема да те видам, како денес да ги утешам твоите родители, како денес да ги утешам твоите пријатели и познаници, кога сите знаеме дека те нема, а толку си ни потребна...“


Момчето на настраданата девојка во пораката наведе дека тие двајца заедно поминувале низ проблеми кои ги имале и дека нејзината огромна позитивност и неодолива насмевка завршувале пола од работите.


„Овој 'проблем' не успеавме да го решиме, судбината остана имуна на твојата насмевка. До сега во животот не сум бил во ваква позиција, некој толку важен во животот, а млад и полн со живот да ме напушти на ваков начин. Многу е тешко. Но тешкото допрва доаѓа. Кога ќе бидам свесен дека веќе те нема. Стоев долго пред вратата вчера, чекајќи те да дојдеш како и секогаш, се надевав, но судбината за тебе имала други планови. Ти ветувам дека кога тогаш ќе го завршиме започнатото, се надевам дека ќе биде на некое поубаво место, од другата страна на сонцето“ - напиша момчето.


Објавена во: Boys and Girls, Семејство

Можеби ќе ве интересира: