Поттик за да се запишете на крус по керамика: Поради овие момци, корисничките на ТикТок сакаат да научат да работат со глина (ВИДЕО)
Доколку сакате ново хоби, веруваме дека по овие видеа ќе знаете што би можеле да пробате...
Дека глината може да биде многу сензуална, видовме низ сцените на филмот „Ghost“ со Патрик Свејзи и Деми Мур.
Иако од тој филм се поминати повеќе од 30 години, изгледа дека работата со глина никогаш не била поактуелна. Ако го напишете хаштагот #potteryboy на Тикток, ќе најдете повеќе од 262 милиони прегледи и многу згодни момчиња кои ги покажуваат своите вештини со глината.
Но, тројца од нив редовно ги покажуваат своите вештини на Тикток и дефинитивно важат за некрунисани кралеви на глината.
Момчето кое објавува видеа под корисничкото име „Pottery Boy“ има 1,6 милиони следбеници и повеќе од 21 милион лајкови. Иако на неговиот профил влегуваат девојки кои само сакаат да гледаат згодно момче, секако дека има и такви кои се восхитуваат на неговиот талент и на тоа како со своите раце создава уметнички дела, па под објавите може да прочитате навистина различни коментари.
@potteryboy Made a candlestick for my Grand-Mére, hope she likes it #potteryboy #ceramiques #onlypots #clayboy original sound - Gurtêj
Со ист број на следбеници и повеќемилионски лајкови е и момчето по име Тео, кое објавува под корисничкото име „thclay“. На видеата кои ги објавува и накои ја обликува глината, Тео секогаш е без горен дел облека.
@thclay I’ve never been more attracted to a pot. #pottery #clay #satisfying #ceramics #fyp STAY - The Kid LAROI & Justin Bieber
Освен нив двајца, популарен е и Били Кеог. Прелистувајќи го неговиот профил, ќе видите дека дури во 2022 година сериозно почнал да објавува содржини на кои покажува како обликува чаши, чинии, вазни... Неговиот број на следбеници е опасно блиску до половина милион, а што се однесува до лајкови веќе има нешто повеќе 7 милиони.
@thebillykeogh i am a serious person #ceramics #pottery #potterystudio Into Nirvana - Maverick Sabre
Луѓето кои се занимаваат со ова хоби велат дека работата со глина е релаксирачка и дека керамиката генерално станува идеална област за креативно изразување. Можеби по овие видеа и самите вие ќе сакате да се запишете на некој курс.
фото: Принтскрин / ТикТок