Повеќе не се двоуми: Сега Ким го чека вистинскиот момент за развод
Бракот на Ким Кардашијан и Канје Вест сè уште постои, но медиумите веќе некое време велат дека разводот е неизбежен. Потврди за тоа сега пристигнуваат од кредибилни медиуми кои воопшто не го доведуваат во прашање крајот. Сепак, се наведува и дека Ким не брза официјално да поднесе барање за развод.
Како што пренесува „People“, Ким веќе знае што следува и својата иднина дефинитивно ја гледа без Канје. Иако разводот нема да следи веднаш, изворите велат дека е само прашање на време. „Бракот на Ким и Канје повеќе не може да се поправи“ - изјавил инсајдер за кој се вели дека е близок со семејство. „Ким е уморна од хаосот на Канје и таа сака да се фокусира на своите деца и нејзиниот живот“.
Како што се наведува, Ким размислувала за развод од летото, односно кога Канје ја започнал кампањата за претседател на Америка. „Капката што ја прелеа чашата се однесуваше на комбинацијата на неговата желба да стане претседател, како и на твитовите што ги пишуваше“ - вели истиот извор. „Тоа создаде хаос во домот. Иако Ким е свесна дека има биполарно растројство и се обиде да му помогне, сега и е јасно дека е залудно“.
„Таа знае што да направи од нејзиниот живот, но Канје оди на сите страни“ - зборувал еден извор. „Таа не брза да се разведе, но тоа и е на ум.“
Канје во последно време направи многу грешки, а многумина изјавуваат дека тоа е последица на неговото одбивање да зема лекови кои го регулираат неговото ментално здравје. Иако ѝ вети на Ким дека ќе се држи до терапијата и ќе се обиде да живее понормално, очигледно е дека нема ништо од тоа.
Ким зад себе веќе има неколку неуспешни бракови, но тешко дека некој може да ја обвини за овој развод. Ријалити ѕвездата исто така се обиде да го спаси бракот во текот на летото со тоа што одеше на заеднички терапии со Канје, но очигледно ниту тоа не помогна.