Повторно го исмејуваат: Најновата тетоважа на Бруклин Бекам за неговата сопруга е промашување (ФОТО)

Повторно го исмејуваат: Најновата тетоважа на Бруклин Бекам за неговата сопруга е промашување (ФОТО)

Објавена во: Совети // Boys and Girls

И уште се фали со таа тетоважа...

Бруклин Бекам е голем вљубеник во тетоважите и по цело тело веќе има помеѓу 80 и 100! Сите се мали ситни тетоважи, а има и неколку големи, вклучувајќи ја и последната, која ја стави во чест на својата сопруга Никола Пелц.

Познатите имаат многу пари и може да се дозволат навистина добри тату мајстори. Нема потреба да одат кај некој кој ќе нема да им направи добро тетоважата. Особено некој како Бруклин Бекам, кој не е почетник со тетоважите, туку веќе на себе има многу. Еден од новите цртежи на неговото тело е портретот на неговата сопруга, Никола Пелц со која сега веќе една година е во брак.

Веќе има неколку тетоважи кои му се посветени на неа, а оваа последната, портретот е апсолутно промашување. Воопшто не изгледа толку добро, колку би се очекувало и Никола не личи на себе. Изгледа како тетоважата да е направена без многу труд. Или можеби Бруклин сакал така да изгледа, бидејќи очигледно е дека на него не му пречи, со оглед на тоа гордо ја покажува секогаш кога има можност за тоа.

Портретите не се баш лесни за тетовирање, бидејќи често изгледаат смешно и не ја прикажуваат баш добро личноста. Но, веруваме дека не е невозможно да се направи добар потрет, само треба да се оди кај некој кој е експерт за тоа. Луѓето во коментари исто така истакнуваат дека тетоважата не е добро направена и го исмејуваат наследникот на Бекамови.

Останатите тетоважи кои ги има направено во чест на неговата сопруга, исто така беа осудувани. Тој досега на прстите го има истетовирано нејзиното презиме „Peltz“, како и нејзиното име „Nicola“ на вратот, нејзините очи на задниот дел од вратот, а над лактот ги има испишано и заветите кои си ги дале на венчавката. Дури на раката има истетовирано „Married“, сигурно во случај да не заборави.

Шега на страна, Бруклин навистина има многу тетоважи во чест на својата жена и изгледа дека ова е неговиот начин да ѝ покаже колку му значи и колку ја сака.

фото: Принтскрин / Инстаграм

Објавена во: Совети // Boys and Girls

Можеби ќе ве интересира: