Позната компанија лансирање нова играчка: Кукла која не е ни момче, ни девојче
Кукла која може да биде момче, девојче или пак и двете. Тоа веќе не е незамисливо бидејќи познатата компанија Matel, која ги креираше популарните Барби кукли, започна да продава „полово неутрални“ пластични човечиња.
Целта на компанијата е конечно да се стави крај на сите предрасуди со што треба да си играат момчињата, а со што девојчињата.
„Играчките се рефлексија на културата и бидејќи светот го слави позитивното влијание на инклузивноста, одлучивме да креираме кукли кои надминуваат и кои немаат никаква етика“ - рече една од шефиците на Метел, Ким Калмон.
Куклите може да се најдат со различни бои на кожа, а секоја од нив воедно може да има и кратка и долга коса, зависи како сакаат оние кои ја купуваат. Исто така, во пакет ќе добијат и облека (здолниште, панталони, различни типови на чевли).
Како што пишува „Тајм“ овие кукли се разликуваат од класичните Барби кукли по тоа што усните им се премногу полни, а трепките не се предолги. Исто така немаат гради, а ни широки рамена.
Чинат 30 долари.