Познатата ѕвезда ѝ се закани со тужба, а таа вели дека ќе се бори: Која е Вања Кнежевиќ, девојката која влезе во отворен конфликт со Јелена Карлеуша?

Познатата ѕвезда ѝ се закани со тужба, а таа вели дека ќе се бори: Која е Вања Кнежевиќ, девојката која влезе во отворен конфликт со Јелена Карлеуша?

Објавена во: Stars // Музика

Деновиве, таа заедно со Јелена Карлеуша е во центарот на вниманието поради скандалот кој изби по емитувањето на последната емисија во која се појави во „Ѕвездите на Гранд“...

Вања Кнежевиќ, поранешната кандидатка за порталот „24седам“ откри со што се занимава, освен со пеење, но посочи и што ќе преземе доколку нејзиниот случај по дисквалификацијата во „Ѕвездите на Гранд“ ќе стигне до судот.

Во последно време, таа дефинитивно стана една од најпопуларните натпреварувачки во морето заборавени кандидати, а иако го напушти натпреварувањето „Ѕвездите на Гранд“, поточно откако беше дисквалификувана, откри дека нејзина желба е еден ден да стане пејачка. За тоа која е всушност Вања, која влезе во отворен конфликт со ѕвезда како пејачката Јелена Карлеуша откријте во продолжение.

„Посетувам две училишта - медицинското и музичкото. Не ми е многу тешко. Сите ми се петки, а музиката ми е релаксација. Вредна сум и не сакам да одмарам, а без оглед на искуството во „Ѕвездите на Гранд“, музиката ќе ја сакам и понатаму. Кога не можам да пејам, јас тогаш слушам музика. Би сакала да станам пејачка. Ми се допаѓа конекцијата со луѓето, а затоа помеѓу останатото ја одбрав и медицината. Контактот со луѓе ми е многу важен и тоа ме прави среќна, особено доколку зборуваме за хуманоста. Доколку се занимавам со медицина, нема да биде грешка што и да одберам од тие две работи“ - го започна младата Вања разговорот со „24седам“.

Поранешната кандидатка за целото време ја имала поддршката од своето семејство, но исто така и откако ја дисквалификуваа.

„Имам две сестри, постара, која има 20 години и помлада, која има 6. Постојано сме заедно, се подржуваме... Мојата сестра исто така посетува медицинско училиште, имаме и слични карактеристики, па сме многу блиски сите три. Убаво е да се има сестра“ - гордо откри Кнежевиќ. Иако признава дека многу тежок период е зад неа, сето ова го поминала полесно, бидејќи и нејзините родителите биле покрај неа. И тие, како што посочува самата биле потресени од скандалот.

„Не ми стигна тужба, но доколку стигне, тоа целата ситуација ќе ја направи полоша. За тоа нема потреба, но доколку се случи ќе морам да реагирам и јас. Ќе се борам секако“ - одговори Вања на прашањето поврзано со тужбата за која во неколку наврати ѝ се закана Јелена Карлеуша. 


Објавена во: Stars // Музика

Можеби ќе ве интересира: