Познатата Хани Бу Бу позираше во фустан за матура: Тинејџерката која имаше детство од пеколот е непрепознатлива - сите се загрижени за неа

Познатата Хани Бу Бу позираше во фустан за матура: Тинејџерката која имаше детство од пеколот е непрепознатлива - сите се загрижени за неа

Објавена во: Мода // Moj стил

Алана Томпсон попозната како Хани Бу Бу неодмана ја прослави матурата, а на социјалните мрежи се појави фотографија од неа во фустанот кој го носела...

Тинејџерката која израсна на малите екрани во контроверзното реално шоу и учествуваше на бизарни натпреварувања за убавина, носела розов светкав фустан. Целосно нашминкана и со долга коса Алана е непрепознатлива. На фотографиите позира со нејзината мајка, попозната како мама Џун, очув и момчето Дралин Карсвел (21).

Хани Бу Бу на матурата која се одржала минатата недела занимала со кочија која ја краселе розови детали. Како што пишува „TMZ“, нејзиното момче неодамна е уапсено поради возење под дејство на недозволени супстанци. Алана тогаш била со него.

На Инстаграм профилот на „TMZ“ коментираат дека Алана повторно се поправила. Напоменуваат дека нема простор за исмевање и секако дека се во право, но акцентот е ставен на оние кои се загрижени за оваа тинејџерка која порано најави дека се впуштила во борба со дебелината.

Детството на Хани Бу Бу го следеа бројни контроверзии, а методите на воспитување на нејзината мајка беа мета на остри критики. Ја критикуваа за сè, од начинот на кој ја облекувала својата ќерка до начинот на кој ја хранела, а во исхраната доминирале брзата храна и друга висококалорична храна. Поради нејзината желба за популарност и пари, кои често доаѓаа пред благосостојбата на нејзините деца, како што многумина судеа, Џун беше наречена мајка од пеколот. 

фото: Profimedia

Објавена во: Мода // Moj стил

Можеби ќе ве интересира: