Познатата пејачка никогаш не сме ја виделе во вакво издание: Воодушеви 14 милиони луѓе со драстичната промена

Познатата пејачка никогаш не сме ја виделе во вакво издание: Воодушеви 14 милиони луѓе со драстичната промена

Објавена во: Мода // Moj стил

Социјалните мрежи „горат“...

Били Ајлиш е млада американска пејачка која го освои светот со своите песни, но и необичен моден стил. Овој пат повторно на своите обожаватели им приреди големо изненадување поради кое социјалните мрежи „горат“.

Откако ја промени фризурата, изгледа дека сега на ред дојде облеката, па на својот Инстаграм профил повеќекратната добитничка на Греми ја претстави новата, драстична информација.

Наместо широките комбинации преполни со необични бои или дезени на кои сме навикнати од пејачката, Били се одлучи за нешто сосема поинакво.

Младата пејачка повторно ги шокираше обожавателите со неверојатна трансформација во трендовски бел џемпер со копчиња. Станува збор за креација со потпис на престижен моден дизајнер, за која треба да се издвојат 1.100 евра.

Оваа комбинација, која не е карактеристична за ексцентричната Били, чиј заштитен знак до неодамна беше необична зелено - црна фризура, предизвика воодушевување кај нејзините обожаватели.

За само два дена оваа објава на Били Ајлиш има повеќе од 14 милиони лајкови.

Не недостасуваа ни коментарите, па така некои напишаа дека ги потсетува на актерката Шарлиз Терон, а други пак ја споредија со дадилка и посочија дека вака изгледа многу повозрасно.



Објавена во: Мода // Moj стил

Можеби ќе ве интересира: