Познати личности кои имаат најмногу „лажни“ следбеници на Инстаграм: Служат за зголемување на популарноста и не се вистински луѓе
Тие се купени и направени со единствена причина, да се зголеми бројот на нечии следбеници
Лажните следбеници на профилите на Инстаграм може многу лесно да се фатат овие денови. Тие всушност откриваат колку некој е популарен, т.е. колку е непопуларен. Профилите на славните имаат и вакви следбеници, а еве кој има најмногу од нив.
Накратко, лажни профили се оние кои се создаваат масовно, кога некој човек или компјутер ќе креира куп профили, кои потоа ќе ги користи за да го зголеми бројот на следбеници. Таквите профили можат да се направат за себе, а некои ги продаваат на други. Најлесен начин да видите колку лажни следбеници има еден профил на Инстаграм е да го погледнете бројот на следбеници што ги има и бројот на лајкови што ги има во просек на објавите. Кога бројот на лајкови на секоја објава е многу мал, а тие наводно имаат куп следбеници, тоа е добар знак дека тие следбеници се лажни.
Понекогаш лажните профили се само за тоа - подигање следбеници, а понекогаш и за спамирање со коментари. Познатите личности имаат и многу лажни профили меѓу своите следбеници, а кој има најмногу? Ова се првите 10 од нив кои имаат најмногу, а погледнете кој е на првото место со најмногу следбеници, пишува „Post Beyond“.
10. Кендал Џенер – 26,1%
9. Џастин Бибер - 26,5%
8.Селена Гомез - 26,8%
7. Ким Кардашијан – 26,9%
6. Аријана Гранде - 27%
5. Тејлор Свифт – 27,3%
4. Џеј Ло– 27,8%
3. Ники Минаж – 28,1%
2. Клои Кардашијан – 28,1%
1. Кортни Кардашијан – 28,5% од лажни следбеници
Според тоа, Кортни на својот профил има дури 53 милиони лажни следбеници! WOW!