Познати личности кои не е можно да ги мразиш: 10 ѕвезди кои сите ги сакаат, а сѐ поради нивната добрина

Познати личности кои не е можно да ги мразиш: 10 ѕвезди кои сите ги сакаат, а сѐ поради нивната добрина

Објавена во: Музика, Филм

Никогаш не биле и не се проблематични...

Наспроти оние познати ѕвезди кои имаат еднаков број на „хејтери“ како и обожаватели, со овие е сосема друга приказна. Нив е невозможно да не ги сакаш, бидејќи никогаш не се замериле со јавноста со некое свое однесување или никогаш не правеле проблеми. Тие, си ја работат својата работа, не веселат и забавуваат. И невозможно е да не налутат.

„Buzzfeed“ ги праша своите читатели кои познати личности им се добри и драги, што дури е невозможно да ги мразат, а овие 10 водат:

# Џон Красински

Прв на листата е актерот кој е најпознат по својата улога во серијата „The Office“. Тој е еден од оние актери кои со своето однесување не кревал прашина или не правел проблеми. Се појавува во бројни филмови и серии, а единствено нешто што може да не ти се свиѓа кај него е ликот кој го глуми, но тоа не е причина за некој да не го сака.

# Ријана

Пејачката Ријана е исто така на оваа листа, бидејќи за разлика од многу други пејачки, за неа никогаш не се поврзуваат никакви скандали. Го работи она што го сака, ја шири својата работа и она што е исто така важно, секогаш испраќа некои позитивни пораки за изгледот, што е навистина за пофалба.

# Вил Смит

Како некој може да го мрази Вил Смит? Па овој актер е вистинска душа! Уште не сме слушнале дека некој кажал дека го мрази. Урнебесен е.

# Крис Еванс 

Овој актер е попознат како Капетан Америка. Уште еден во низата кој е популарен по улогите кои ги игра, а не по тоа како се однесува во своето слободно време или по тоа дека прави драми. Уште еден кој е 0 проценти проблематичен.

# Кијану Ривс

Има многу актери на оваа листа и тоа посебно од мажите. Еден од нив е и Кијану. Апсолутно никогаш не е во центарот на вниманието поради нешто лошо што направи.

# Пол Рад

Продолжуваме со актерите, а тука е Пол Рад. Изгледа како навистина добар човек и навистина е таков. Неодамна магазинот „People“ го прогласи за најсекси маж на годината, а неговата реакција беше дека ова сигурно ќе шокира многумина, бидејќи постојат многу луѓе кои ја заслужуваат оваа титула повеќе од него. Каква скромност!

# Зендаја

Конечно и едно женско име. Зендаја е има околу кое никогаш нема драма, таа само добива пофалби на својата адреса. Одлична е!

# Чедвик Босман

Актерот кој го играше ликот на суперхеројот Црн Пантер секогаш ќе остане во сеќавањето на сите како некој кој е супер и за кој нема да се каже нешто лошо. Обожавателите никогаш нема да ја прежалат неговата прерана смрт.

# Дилан О'Брајан

Ако сте ја гледале серијата „Teen Wolf“, тогаш и овој актер ви е добро познат. Моментално е омилен, бидејќи глумеше во новиот спот на Тејлор Свифт за песната „All Too Well“. Тоа дефинитивно му загарантира дополнителни бодови.

# Хју Џекмен

И за крај, погодувате, актер. Хју Џекмен е уште едно холивудско име кое е невозможно да се мрази. Сите сте слушнале за него, а можете или да го сакате или да го игнорирате, но „хејтот“ никако не е опција.

фото: Инстаграм

Објавена во: Музика, Филм

Можеби ќе ве интересира: