Познати личности кои носат екстензии и не се срамат да признаат: Некои речиси никогаш не ги симнуваат од глава (ФОТО)
И на сите им изгледаат одлично!
Сите знаат дека поголемиот број познати личности имаат или перики или носат разни додатоци во косата. Ретко кој ја има својата природна фризура, со оглед на тоа што поголемиот број од нив бираат разни екстензии.
Овие популарни пејачки, актерки и инфлуенсерки не го кријат фактот дека користат екстензии за коса. Некои скоро па и не ги вадат од глава, додека други ги ставаат помалку и поретко, но сеедно од тоа не се срамат. Во светот на гламурот е тешко да се има апсолутно сѐ совршено, како што сите очекуваат, па затоа не е изненадувачки фактот што поголемиот број од нив користат екстензии. Освен тоа, на тој начин можат и често да ги менуваат фризурите, зависно од настанот на кој мораат да одат.
# Хејли Бибер
Таа има природно убава коса, но често посегнува по екстензии, кога е во прашање појавувањето на црвените килими. Иако ги нема секогаш, се одлучува за нив во оние ситуации кога сака малку поинаква фризура, која не може да ја постигне со својата коса.
# Бела Хадид
Сака да си игра со својата коса, а тоа го докажуваат и екстензиите, бидејќи често ги користи оние со различни должини. Дури и кога ќе посака кратка фризура, често одбира екстензии, бидејќи косата со нив ѝ изгледа погуста.
# Џенифер Лопез
Не крие дека често носи екстензии, но нејзините фризери тоа навистина добро го пакуваат. Секогаш одбира некои неутрални тонови и бои, па не се ни забележува дека носи екстензии. Често ги комбинира, особено кога има бранови на косата, а тоа е скоро на секој црвен килим.
# Селена Гомез
Сака екстензии и повремено ги носи. Никогаш не ги става кога е во домашно издание, бидејќи тогаш ја има само својата, но кога е во прашање појавувањето на некој настан, често ги комбинира. Еднаш изјави дека тоа ѝ било чиста пракса, кога имала природно долга коса, но дека сеедно сака кога се во прашање брановите, бидејќи тогаш подобро ѝ изгледаат.
# Кајли Џенер
Екстензии почна да носи уште во тинејџерските денови, но тоа никогаш не го криеше. Претходно екстензии ги комбинираше во разни бои, па така имавме можност да ја видиме и со светлоруси прамени. Но, денес повеќе ја комбинира должината, а не бојата на екстензиите како порано.
# Мили Боби Браун
Со години имаше кратка, пикси фризура, која воедно ѝ беше потребна за снимањето на „Stranger Things“. Но, сите ги изненади кога се појави со долги екстензии и многу ја пофалија и ѝ посочија дека многу убаво ѝ стои долга коса. Сите веднаш знаеја дека во прашање се екстензии, бидејќи до тогаш имаше кратка коса.
# Ариана Гранде
Оваа позната пејачка веќе со години носи екстензии за коса. Во една прилика изјави дкеа нејзината коса е потполно уништена од фарбањето во црвена боја, а тоа го правела поради улогата во една од серии на Дизни. Затоа на неа екстензиите не ѝ се непознати, а најпопуларни се оние во високото коњско опавче по кое е препознатлива, но исто така крие дека ги носи.
# Ким Кардашијан
Често ја менува должината на косата, а освен должината, често ја менува и бојата на косата темно кафена во руса. Иако долгата темно кафена коса е нејзин заштитен знак, имаше и краток боб, па повремено го комбинираше со долги екстензии за да ја врати својата долга коса.
фото: Принтскрин / Инстаграм