Познати модели откриени на чудни места: Сонуваш за тоа да бидеш модел, по ова ќе сфатиш дека имаш шанси и ти

Познати модели откриени на чудни места: Сонуваш за тоа да бидеш модел, по ова ќе сфатиш дека имаш шанси и ти

Објавена во: Мода // Moj стил

Некогаш е доволно да бидеш само на вистинското место во вистинско време...

Можноста за успех може да ти дојде тогаш кога најмалку се надеваш за неа. Сите знаат дека е тешко да се пробиеш во светот на моделингот, доколку не доаѓаш од познато семејство, како Кендал Џенер или Хејли Болдвин. Но, многу модели беа откриени во сосема обични животни ситуации.

Денес сите знаат за нивните имиња, често ги гледаме на модните ревии и на насловните страници, но претходно никој не знаел за нив, пишува „Buzzfeed“. Биле обични девојки,  а потоа една случајност им го променила животот. Само биле на вистинското место во вистинско време. Доволно е на една вистинска личност да ѝ влезеш во око и тоа е тоа. Особено кога ќе се најдеш во некоја поголема светска метропола, додека си на пример на патување. Приказните на овие модели за тоа како биле откриени се толку едноставни што изгледа како да може да му се случат на секој.

# Кејт Мос била откриена на аеродром. И тоа поради летот кој доцнел. Па така, случајно завршила на летот кој бил три дена подоцна, каде ја забележале основачите на една моделинг агенција.

# Синди Крафорд е случајно откриена од страна на еден локален фотограф на натпревар во средно училиште. Била во толпата помеѓу гледачите, но на него му паднала во око и ја прашал дали смее да ја фотографира за еден проект. И од таа случајност до денес, таа стана еден од најбараните модели на светот.

# Жизел Бундхен воопшто не била заинтересирана за модата кога ја откриле додека јадела во Мекдоландс во еден шопинг центар. И тоа се случило додека била на екскурзија од училиште.

# Наоми Кембел ја уловиле во шопинг центар во Лондон и тука почнала нејзината приказна. Еден агент за моделинг ѝ пришол додека имала обична шопинг прошетка со приајтелките после училиште. Не била ниту екстра средена, на себе имала училишна униформа, а Наоми призна дека била шокирана што агентот ѝ пришол баш на неа, бидејќи била во друштво на своите пријателки кои според неа биле олицетворение на убавината. Но, очигледно го немале она нешто.

# Криси Тиген им паднала во око на вистинските луѓе додека работела во продавница. Никогаш не ни помислувала на тоа да биде модел, сакала да биде наставничка или да работи со храна, но на крајот работите се смениле. Добила можност која не се пропушта.

# Клаудија Шифер била во дискотека, на азабава, сакала да биде адвокатка и не ни сонувала дека ќе стане еден од најдобрите модели во светот. Тогаш ѝ пришол афент и за момент нејзината кариера почнала да цвета.

# Познатиот плус сајз модел, Ешли Грахам исто така е откриена сосема случајно во шопинг центар. Била со татко ѝ кога одеднаш ѝ пришол агент и ѝ кажал дека емногу убава и ја прашал дали би сакала да биде модел. Секако дека се согласила, завршила училиште и потоа почнала комплетно да се занимава со моделингот.

# Тејлор Хил ја откриле на ранч со коњи. Била на дружење со мајка ѝ кога изненадно ѝ пришол фотограф, кој ја прашал дали некогаш размислувала за моделинг. На прва била збунета, бидејќи тогаш била прилично млада и никогаш не ни мислела дека има шанси да стане модел, немала самодоверба, но секако одлучила дека ќе му даде шанса на ова хоби, кое на крајот се претворило во вистинска работа.

# Софија Вергара ја познаваме како актерка, но таа исто така е и модел. Не се замислувала себе во оваа кариера, додека еден ден додека била на плажа не ѝ пришол фотограф и ѝ ја предложил таа идеја. Го послушала и еве каде е денес.

фото:  FashionStock.com и Ovidiu Hrubaru / Shutterstock

Објавена во: Мода // Moj стил

Можеби ќе ве интересира: