Познатите дами открија која е најчудната работа која ја носат во чантите: Ема Вотсон е апсолутна победничка

Познатите дами открија која е најчудната работа која ја носат во чантите: Ема Вотсон е апсолутна победничка

Објавена во: Мода // Moj стил

Некои од овие работи навистина немаат смисла...

Женски чанти се вистинско чудо - од нив понекогаш ги извлекуваме најчудните работи. Со себе постојано носиме носиме работи кои ни се потребни, но и многу работи кои воопшто не ни требаат. И секогаш жалиме што чантата од некоја причина ни е многу тешка.

Секоја девојка во чантата има барем една чудна работа која ја носи со себе, а иако изгледа чудна, за неа сепак има смисла. Или некогаш и нема, но никако да ја извади и да ја фрли во ѓубре. Ако секогаш ја носиш истата чанта во неа навистина може да собереш многу нешто. Иако реално, половина работи може да се фрлат, знаеш и ти, и ние, и сите, дека тоа нема да се случи. Ги сакаме своите хаотични чанти, а ги сакаат и познатите девојки. „Bright Side“ ги откри најбизарните работи кои ѕвездите како Ариана Гранде или Адел ги носат во своите чанти.

# Адел - мали пакувања кечап

Во потполност ја разбираме, никогаш не знаеш кога ќе ти се пријаде, затоа најдобро е да бидеш подготвен. Адел во едно интервју раскажа дека не им верува на рестораните и нивните понуди за овој додаток, бидејќи некогаш, доколку е лош кечапот може да се расипе јадењето. Затоа таа со себе секогаш во чантата носи неколку пали пакувања Heinz кечап.

# Меган Трејнор - спреј за WC

Пејачката Меган Трејнор во својата чанта секогаш има спреј за WC, Poo Pourri. Ова едно време беше тренд кога луѓето го открија, бидејќи испадна дека помага кога одиш во WC кај другарка или во некое јавно WC, па не сакаш зад тебе да остане непријатна миризба. Прснуваш во WC школката и нема непријатни мириси. Меган е секогаш подготвена за такви ситуации и никаде не оди без овој спреј.

# Опра Винфри - тартуфи

„Кажи дека си богат, без да кажеш дека си богат“. Опра е легенда, а што носат легендите во чантата? Тартуфи, ако се прашува таа. Не оди никаде без храна која е на база тартуфи, без разлика дали е масло, сол или нешто десетто. Во чантата секогаш има нешто од тартуфи.

# Ариана Гранде - мал камен

Некогаш чантите ни се тешки како во нив да носиме камења, а Ариана Гранде навистина го носи токму тоа. Еден мал камен секогаш има во чантата. Станува збор за посебен камен за неа, со натпис „serenity“.

# Шанина Шаик - порака од првото цвеќе кое ѝ го купило момчето

Познатиот австралиски модел Шанина Шаик во чантата со себе носи една малку чудна, но романтична ситница. Станува збор за пораката која ја добила со првото цвеќе од својот сопруг, кој тогаш ѝ бил момче. Самиот овој податок кажува колку пораката е стара. 

# Ема Вотсон - тегличка Нутела

Кажавме дека Ема е победник. Откри дека нејзините пријатели секогаш се шегуваат со неа, бидејќи во чантата има сѐ и сешто. Секогаш со себе носи некоја книга, дневник, шише вода, дезодоранс, шминка и Нутела.

# Миранда Кер - уред кој го блокира зрачењето

Иако звучи бизарно, ова е и корисно. Супермоделите мораат да се грижат за своето здравје и кожа, повеќе отколку „обичните“ луѓе, бидејќи на сетовите и во текот на снимањата се изложени на различни лоши услови. Затоа таа секогаш со себе носи уред кој го блокира зрачењето. Функцијата му е да го намали зрачењето од технологијата која секогаш ја имаме со себе, а особено од мобилните. Станува збор за додаток кој се лепи на мобилниот телефон.

фото: Принтскрин / Инстаграм

Објавена во: Мода // Moj стил

Можеби ќе ве интересира: