Познатите сестри покажаа малку поинаков изглед: Џиџи и Бела Хадид ги избричија главите? (ФОТО)
Што им направиле?
Сестрите Хадид ги шокираа сите со фотографиите од последната проба за модната ревија во која и двете учествуваа. Дизајнерот Марк Џејкобс за својата нова ревија има визија во која на моделите, главите до половина им се избричени.
И Бела и Џиџи сме навикнати да ги гледаме со долга коса, а сега се појавија во издание кое никој никогаш не го очекувал од нив. Иако сме среде лето, дизајнерите веќе се подготвуваат за претстојната есен. Колекцијата е тука, а почнаа и пробите за модните ревии, преку кои ќе се види точно како ќе изгледа. Сестрите Хадид ќе ја носат есенската колекција на Марк Џејкобс, но во неа не е вклучена косата. Фотографиите кои се појавија од пробата на ревијата покажуваат дека главите им се избричени.
Не целесно, туку во алтернативен стил, каде само од страните им е избричена, а во средината им е оставена подолга.
Микро шишките и избричената коса на страните се дефинитивно изглед кој досега не сме го виделе на овие сестри. И секако, сѐ е зачинето со најновиот хит во светот на веѓите – изветвени веѓи кои едвај се гледаат. Сепак, настрана веѓите, овие фризури изгледаат одлично на нив. Дефинитивно не е нивниот стил, но изгледаат навистина опасно.
За среќа, тие ги немаат избричено главите, сѐ е направено со помош на шминки и перики.
фото: Принтскрин / Инстаграм