Правевме сѐ за синот и снаата, им спремавме зимница, а тие нѐ отфрлија: Штом веќе не им бевме корисни, нѝ забија нож во срце

Правевме сѐ за синот и снаата, им спремавме зимница, а тие нѐ отфрлија: Штом веќе не им бевме корисни, нѝ забија нож во срце

Објавена во: Совети // Семејство

Исповедта на една постара дама го расплака цел рагион, ја пренесуваме во целост

„Јас и мојот сопруг живееме на село. Мислам дека сме гостопримливи луѓе кои се трудат да угодат на секој начин. Имаме посебна соба само за гости. Кога е лето, можете да спиете на веранда, а ние немаме проблем ни со давање на нашата спална соба.

Имаме два возрасни сина кои живеат со своите семејства. Најмалиот син живее недалеку од нас и често не посетува со внуците.

Постариот син се вработи во Белград, каде се ожени и основа семејство. Има сопствен приватен бизнис. Не доаѓа кај нас затоа што живееме на село, далеку е и не ја сака околината.

Секогаш кога доаѓа со сопругата и децата, правиме посебни подготовки. Сѐ уредуваме убаво, чисто, готвам вкусни јадења и десерти. И покрај тоа, снаата не сака да дојде кај нас. Таа вели дека во селото нема што да се прави и по еден час ѝ се здосадува.

Минатата година имавме желба да ги посетиме и да поминеме време со нашите внуци. Ни недостасуваат нивните слатки насмевки.

Им најавивме една недела претходно за да си го организираат времето.

Дојдовме кај нив, седнавме на трпезариската маса и почнавме да разговараме. Како што минуваше времето и дојде вечерта, сфативме дека нема место за нас во куќата. Мојот син ни изнајмил хотелска соба, а таа беше од другата страна на градот. Не можевме да веруваме што не снајде.

Бевме спремни да спиеме и на подот, но снаата постојано повторуваше и беше децидна дека собата е веќе платена и резервирана.

Како резултат на тоа, мојот син повика такси и се возевме до хотелот. Очигледно беше дека му е непријатно, но ништо не можеше да направи, бидејќи постапуваше по наредба на сопругата.

Разочарани се упативме кон возилото кое требаше да не однесе до хотелот, но друго немавме. Утрото кога се разбудивме се трудевме да го заборавиме сето тоа. Сакавме да одиме кај нив на појадок за да се видиме пак, бидејќи многу ни недостасуваат децата. Сакавме да ги изненадиме, но се покажа дека тоа не ги интересира.

Секој имаше свои обврски, мораше да оди некаде. Само се прашував каде, бидејќи знам дека тогаш никој не работеше, дека не планираа да одат надвор од градот со другарите, па дури и се најавивме една недела претходно.

Се вративме во хотелот и следниот ден веднаш заминавме за нашето село.

Плачев цел пат, не разбрав каков е тој однос со родителите. Кога дојдовме дома, на вториот син му кажавме сè. Веднаш му се јави на својот брат и почна да се расправа со него. По нашата посета, комуникацијата со најстариот син многу се промени. Сега тие се ретки и кратки повици.

Не разбирам зошто така се однесуваат со нас. Секогаш кога ќе се обидеме да им помогнеме, им испраќаме дури и зимница за да јадат, а сето тоа на наш трошок.

Не знам како да живеам со тоа. Како да кажам дека нашите деца не избркаа од станот. Само да беа благодарни, барем да се сетат на сите добри дела што беа во нивна корист, да не ценат повеќе како родители и како свекор и свекрва“.


Извор: stil.kurir.rs

Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: