Пред 10 години две момчиња ја смислија песна за Ноле: Сега ги виде повторно, а со гестот кој го направи покажа колку е голем (ВИДЕО)

Пред 10 години две момчиња ја смислија песна за Ноле: Сега ги виде повторно, а со гестот кој го направи покажа колку е голем (ВИДЕО)

Новак откри на кој му е посветена пораката на италијански, која ја напиша на камерата по победата над Карачев...

Најдобриот тенисер на светот, Новак Ѓоковиќ немаше големи проблеми во вториот круг од Мастерсот во Рим, каде го совлада Аслан Карачев, а во осминафиналето го очекува дуел против Ласло Гир или Стен Вавринка.

По мечот, Новак имаше интересна порака која ја напиша на камерата и тоа на италијански јазик. На неа пишуваше „Еден од нас - Рим, те сакам“.

Новинарите по мечот се заинтересираа зошто Новак го напиша тоа и што му значело тоа.

Ѓоковиќ откри дека тоа е поради двете момчиња, кои пред повеќе од 10 години во Рим му скандирале „Ноле е еден од нас“.

Новак повторно ги видел, сега како возрасни мажи и токму поради тоа ја напишал оваа порака на камерата.

„На камерата напишав „Еден од нас“ поради двете момчиња кои пред повеќе од 10 години за мене пееја „Ноле е еден од нас“. Сега се возрасни мажи, ги видов денес после долго време. Поради тоа оваа порака беше за нив“ - порача Ѓоковиќ на конференцијата.

фото: Принтскрин / Твитер

Можеби ќе ве интересира: