Пред да почине таткото на „Мапет шоу“ напиша трогателно писмо за своите деца

Пред да почине таткото на „Мапет шоу“ напиша трогателно писмо за своите деца

Објавена во: Филм, Семејство

Овој мегапопуларен американски куклар, аниматор, карикатурист и филмски креатор и сценарист, кај многу генерации остана најзапаметен по фантастичните ликови од „Мапет шоу“.

Џим Хенсон почнал да ги изработува куклите уште во средно училиште користејќи стара облека од својата мајка и тениски топчиња, а откако завршил факултет и дипломирал економија се занимавал со продуцирање на реклами за кафе и експериментални филмови.

Џим Хенсон починал кога имал 53 години во Њујорк по добиена инфекција, а четири години пред својата смрт напишал две емотивни писма, едно до своите деца, а другото до пријателите и остатокот од семејството и најблиските пријатели.  

Негова  желба било писмата да бидат прочитани откако тој ќе умре.

Првото писмо за неговите пет деца

Кога тој починал неговите деца имале помеѓу 19 и 30 години. Еве што им напишал:

„Пред се, немојте да се чувствувате лошо затоа што сум заминал. Иако ќе ми недостига да поминувам време со секој од вас, сигурен сум дека тоа ќе биде интересен период за мене и се радувам што сите ќе ве видам кога ќе дојдете овде. На секој од вас му ја испраќам мојата љубов. Ако имам прилика и од овде да внимавам на вас, верувајте дека ќе го направам тоа. Ако не можам, сигурен сум дека барем ќе ве пречекам кога ќе дојдете. Ова можеби ќе ви звучи глупо, но по ѓаволите, заминав – и кој ќе се пречка сега со мене?

Смислата на животот е во тоа тој да биде забавен, радосен и исполнет. Нека секој од вас биде таков – да ве имам секој од вас како свое дете сигурно е една од најдобрите работи во мојот живот. Знајте дека секогаш секој од вас го сакав со вечна и непресушна љубов. Љубовта кон секој од вас е потполна и сеопфатна. Ве молам да внимавате едни на други, да се сакате и да им простувате на сите. Животот е убав, уживајте во него!“, пишува тој во писмото до своите деца.

Второто писмо за пријателите и остатокот од семејството

„Воопшто не се плашам да помислам на смртта, напротив, на тоа се радувам со многу љубопитност и интерес. Се радувам на тоа што повторно ќе сретнам некое свои пријатели кои починаа пред мене, и ќе чекам таму за да ги поздравам сите оние кои се уште се тука. Предлагам најпрво да ми направите една мала, убава и пријателска услуга. Би било убаво некои од моите блиски пријатели да изведат неколку песни на мојот погреб, кои сакам да бидат весели и среќни.

Би било убаво и кога моите блиски пријатели би раскажале за неколку убави, весели случки кои сме ги минале заедно. Би сакал и бендот „Диксиленд“ да свири по тој повод . Убаво да си поминете во животот. Чудно е да ги пишувам овие работи кога се уште сум жив, но тоа нема да биде лесно да се направи откако ќе умрам“, напишал Хенсон во своето второ писмо. 

Објавена во: Филм, Семејство

Можеби ќе ве интересира: