Пред децата ѝ го сврте грбот среде реченица: Се појавија фотки од последната кавга на Шакира и Пике, пред разделбата
Дванаесет години нивната врска изгледаше идилично, но парот јасно го криеше фактот дека се соочуваат со несовладливи проблеми.
Колумбиската пејачка Шакира во последните месеци е во центарот на вниманието на светските медиуми поради раскинувањето со шпанскиот фудбалер Жерар Пике, за што не сакаше да се огласи во јавноста.
Поранешниот пар дадоа заедничка изјава за медиумите во која нагласија дека се разделуваат и повеќе не се огласуваат по оваа прашање.
– Жал ни е да потврдиме дека се разделуваме. За доброто на нашите деца, кои се наш врвен приоритет, ве молиме да ја почитувате нашата приватност. Ви благодариме за разбирањето - беше се што Шакира и Пике имаа да кажат.
Во медиумите се појавија гласини дека фудбалерот ја изневерил пејачката, дека ги фатила во кревет, дека пријателите не ја поднесуваат... Шакира сето тоа го издржа со насмевка и без коментар, но тешко дека ѝ е лесно овие денови, особено затоа што шпанските власти ја „бркаат“ за милионско затајување данок.
Врската на Шакира и Пике отсекогаш делувала идилично, поради што веста за раскинувањето беше особено шокантна за нивните обожаватели, но сега се појавија фотографии кои докажуваат дека тие долго време имале проблеми.
Парот кој помина 12 години заедно, очигледно не секогаш живеел без проблеми, а сега на социјалните мрежи кружат фотографии од нивниот одмор на кои гледаме како доста бесно се расправаат.
Според шпанските медиуми, ова била последна расправа на Шакира и Жерар, а сето тоа се случило на јахта, пред очите на нивните синови Милан и Саша.
Додека Пике седи меѓу нивните деца, Шакира стои и тие очигледно имаат жестока расправија, а таа го крева показалецот, додека на друга фотографија го гледаме фудбалерот кој ѝ го врти грбот и си оди, додека Шакира продолжува да зборува.
извор:GLOSSY