Пред две години победи во ѕвездички, а во мај ќе застане на Евровизиската сцена!
Роко Блажевиќ, момчето кое пред две години ги освои симпатиите на целиот Балкан и победи во музичкото натпреварување „Пинкове ѕвездице“, во мај ќе застане рамо до рамо со искусните пејачи и ги брани боите на Хрватска на Евровизија.
Песната со која младиот и талентиран пејач ќе се претстави пред евровиската публика се вика „The dream“. Одличните вокални способности на Роко дефинитвно нема да ве остават рамнодушни, а како изгледаше премиерното изведување на песната, погледнете во продолжение!