Пред крајот на минатата година прележала корона: По ова, Мартија има една важна новогодишна желба

Пред крајот на минатата година прележала корона: По ова, Мартија има една важна новогодишна желба

Објавена во: Stars // Музика

Младата пејачка Мартија Станојковска изминатата година слободно може да каже дека и помина и повеќе од успешно. Имено, таа постигна голем успех со синглот „Не волиш“, кој постојано се вртеше по радио станиците.

За естрадниот магазин „Бекстејџ“ таа ја резимираше изминатата година и она што ѝ се случуваше. Како личност која ѝ ја одбележа годината ја истакна нејзината мајка.

„Не сакам да сум здодевна, но мајка ми ми ја одбележа годината, затоа што секогаш ми била поддршка во што и да направам, без разлика дали е добро, дали е лошо. Емотивна, но и секаков вид на поддршка ми е таа отсекогаш, а покрај неа и тато. Но, знаете мајката и ќерката имаат некој посебен однос, посебна конекција.“ - посочи Мартија, која потоа откри дека ја нема напиша „to do“ листата за оваа година, но дека во глава си ги има поставено целите за истата.

„Генерално за мојот живот, отсекогаш си имам поставено цел, што сакам да направам следната година, што сакам да постигнам и дефинитивно имам „to do lista“. Момелтано не ми е напишано на лист, но ги имам во глава, како некоја водечка мисла, која ќе ме поттикнува да работам на новите поставени цели. Сметам дека ако немаш цел, ако немаш некакви „goals“ во животот нема што да те води.“

Изминатата 2021 година, Мартија сепак ја заврши не толку убаво, па поради тоа една новогодишна желба ја издвои како најпотребна и најважна.

„Сите знаеме дека во ова време здравјето е најпотребно. Јас, за жал пред две три недели ја прележав короната и така ќе ја завршам оваа година, но за среќа не беше ништо страшно. Меѓу другото, на себе, но и на гледачите ќе им посакам успех, среќа, љубов, дисциплина, што е многу важна за успех.“

Целото интервју со Мартија, може да го погледнете во продолжение:


Објавена во: Stars // Музика

Можеби ќе ве интересира: