Предизвик кој нѐ потсетува зошто е важен животот без филтер: Зошто е важно сите да ги слушнат зборовите на Дуња Јованиќ?
Предизвикот „Ова сум јас“ на Дуња Јованиќ доби еден тон позитивни реакции на социјалните мрежи...
Иако денес сѐ повеќе млади се насочени кон прикажувањето на „реалните“ работи и ситуации од животот на социјалните мрежи, изгледа дека уредувањето на лицето и употребата на фотошоп на фотографиите сѐ уште не е исчезнато.
Се прашуваме дали некогаш и навистина ќе исчезнат сите апликации за уредување фотографии кои кријат „алатки“ за менување на личниот опис и креирање на нереална слика за совршеноста?
Во видеото кое го објави инфлуенсерката Дуња Јованиќ го покажа своето вистинско лице и објасни до што може да доведе употребата на алатките за уредување на фотографиите. Воедно со видеото го започна предизвикот кој уште сега има силен одзив кај жените.
Колку истиот ги алармираше сите на социјалните мрежи, говори и бројот од милион прегледи на видеото за само еден ден, како и „фид бекот“ од нејзините следбенички.
Квалитетните содржини како оваа ни даваат надеж дека сепак ние самите сме она највредното што го носиме и дека ниту еден филтер не може да го замени тоа.
фото: Принтскрин / Инстаграм