Предмет кој многу лесно го пренесува коронавирусот: На површината се задржува дури 5 дена
Експертите откриваат дека преку овој предмет многу лесно се пренесува вирусот
Во борбата против пандемијата коронавирус принудени сме времето да го поминуваме во домашна изолација, а домот да го напуштиме само тогаш кога е неопходно. Со движењето ризикуваме да се заразиме со вирусот КОВИД-19, бидејќи тој може да се пренесе преку воздухот, доколку заразената личност кива или кашла, а можеме да се заразиме и преку допирање на контаминираните предмети, пишува „Дејли стар“.
Со оглед на тоа дека едно истражува докажа дека новиот вирус преживува и на цврсти повржини, експертите напоменуваат дека би требало да обрнеме внимание на својата облека и обувки кои ги носиме.
Имено, многу лесно можеме да се инфицираме со КОВИД-19 преку чевлите кои ги носиме на места каде што има многу луѓе, како што се канцелариите, јавниот превоз и трговските центри. А, кога еднаш вирусот ќе се најде на синтестичката ткаенина, може да остане таму со денови.
Докторката Мери Е. Шмидт за „Huffington Post“ истакна дека коронавирусот може да остане на чевлите „пет дена или повеќе“. Од таа причина, би било паметно чевлите да ги оставате пред врата за да спречите вирусот да „влезе“ во вашиот дом.
Експертот за јавно здравје Карол Винер, кој работи во Канзас Сити, препорачува да го правите тоа секојпат.
„Целта е да не го прошириме низ целата куќа. Другата обција е своите чевли да ги испрската со некое средство за дезинфекција или да ги исчистите со сапун и вода“ - објаснува Карол.
Кога ќе влезете во домот, исто така е неопходно да ги измиете рацете. Здравствените работници препорачуваат рацете да ги миете по најмалку 20 секунди.
Секогаш проверете дали рацете ви се чисти пред да го допрете своето лице.