Прекрасен пролетен фустан и препознатлива насмевка: Ќерката на Мила Јововиќ е достоен наследник на својата позната мајка (Фото)
Евер Габо
Андерсон се појави на црвениот килим се појави видно возбудена по својата прва главна
улога во холивудска продукција. Покрај тоа, таа во свој стил, пристигна во
облека потпишана од италијанската модна куќа Миу Миу, што не е чудно бидејќи
таа е нејзин амбасадор веќе некое време.
Евер изгледаше преслатко во мини фустанот во форма на А, чиј долен дел беше во форма на ѕвонче. Тој беше е украсен со апликации од цвеќиња и ситни кристали, а во пределот на половината со прекрасна црна машна.
Во раката носеше сребрена чанта Miu Miu со мини димензии, украсена со техниката matelassé, а стилот беше заокружен со црни сандали со штикли.
Ако насмевката на Евер Андерсон ви е позната, не е чудно - таа ја наследила од нејзината мајка, која ја гледаме и обожаваме уште од деведесеттите.
Имено, таа е ќерка на Мила Јововиќ, холивудска актерка со српско-руски корени и британскиот режисер Пол В.С. Андерсон. Од мала сонувала за филмска кариера, а јавноста прво ја запознала како модел.
Кога имала девет години се појавила на насловната страница на магазинот Vogue Bambini, за што ја фотографирала познатата фотографка Елен фон Унверт. Таа ја имаше честа да ја фотографира лично креаторот Карл Лагерфелд, како и Микаел Јансон и Питер Линдберг.
Што се однесува до нејзината актерска кариера, досега ја видовме во филмот Resident Evil: The Final Chapter, кој го режираше нејзиниот татко и во кој главната женска улога ја имаше нејзината мајка Мила, а Евер ја играше помладата верзија на ликот на нејзината мајка.
Потоа беше помладата Наташа Романоф во Марвеловата црна вдовица, а улогата на Венди во новата адаптација на приказната за Петар Пан е нејзината прва голема улога.