Преслатки: Најпознатите тин парови од малите екрани

Преслатки: Најпознатите тин парови од малите екрани

Објавена во: Stars // Филм

Овие љубовни приказни ја воодушевија публиката ширум светот, а во морето тин филмови и серии, само некои парови ни останаа врежани во сеќавање и веројатно никогаш нема да ги заборавиме.

Нашиот избор падна на овие најпознати парови од тин сериите и филмовите. Истите се апсолутно преслатки!

# Хејзел и Огастус - „The Fault in Our Stars“

Двата тинејџери се запознаваат преку игра на случајноста во болничкиот ходник и веднаш се вљубуваат еден во друг. Без оглед на болеста и проблемите со кои се среќаваат, нивната љубов никогаш не се доведува во прашање.

via GIPHY


# Теса и Хардин - „After“

Како изгледа кога ќе се спојат бруцошка и „злобно момче“ покажаа Теса и Хардин во овој филм. Оваа љубовна приказна ја полуде младата публика ширум светот, па не е изненадувачки фактот што авторската екипа одлучи да направи и продолжение.

via GIPHY


# Бети и Џагхеад - „Riverdale“

Тие се доказ дека љубовта навистина победува сѐ. Покрај бројните препреки на кои наидуваат, тие и понатаму се борат за својата љубов.

via GIPHY


# Блер и Чак - „Gossip Girl“

Љубовта помеѓу Блер и Чак беше очигледна уште од првата епизода на оваа серија, која пред повеќе од 10 години беше една од најпопуларните тин серии во светот. Поради многуте препреки со кои се соочија,, тие никако не можеа да бидат заедно, но на крајот нивната љубов сепак станува реалност.

via GIPHY


# Елена и Дејмон - „The Vampire Diaries“ 

Серијата е снимена според истоимениот роман и ја освои наградата People's Choice и шест награди на Teen Choice. Многу брзо стана популарна и доби култен статус помеѓу младите генерации. Иако на почетокот Елена беше неодлучна за љубовта кон Дејмон, со оглед на тоа што истовремено го сакаше и неговиот брат, на крајот сепак се одлучи за него.

via GIPHY


# Нејтан и Хејли - „One Tree Hill“

Тој е познат кошаркар, замислен богаташ кој го мрази својот брат и воедно нејзиниот најдобар пријател. Таа е бубалица која никој не ја забележува и девојка го цени вистинското пријателство. Покрај сите разлики, помеѓу нив на крајот се раѓа љубов.

via GIPHY


# Бела и Едвард - „Twilight“

Оваа љубовна приказна помеѓу обична девојка и вампир, го освои светот, а Бела и Едвард станаа еден од најпознатите тин парови на сите времиња. Интересно е што протагонистите, Роберт Патинсон и Кристен Стиварт и по снимањето на филмот беа во врска, но љубовта не им траеше долго.

via GIPHY


# Габриела и Трој - „High School Musical“

Љубовта помеѓу Габриела и Трој се роди сосема случајно една новогодишна вечер, кога заедно отпеаја песна на караоке, а нивната приказна потоа продолжува во сите три дела од филмот.

via GIPHY


Објавена во: Stars // Филм

Можеби ќе ве интересира: