Преслатки се: Гордниот татко Колин Фарел на Оскарите се појави со својот 13-годишен син (ФОТО)
Ирскиот актер Колин Фарел пристигна на Оскарите како номиниран во категоријата најдобар актер за улогата во филмот „The Banshees Of Inisherin“.
Иако не си отиде дома со статуетка, вечерта ќе ја памети како онаа во која друштво му правеше неговиот 13-годишен син Хенри Тадеуш.
Грижливиот татко ги сподели среќните моменти со својот помал син, а заедно привлекоа внимание и со својот моден избор.
Каков татко, таков син, вели поговорката, а актерот и неговиот тинејџер ја потврдија, барем кога станува збор за облекувањето.
И двајцата на доделувањето пристигнаа во црни кадифени костуми. Под сакото носеа бела кошула и пеперутка враторска, а истиот избор го направија и кога станува збор за обувките. Тие се одлучија за црни лакирани чевли кои придонесоа за елегантниот изглед.
Гордиот Ирец на реверот носеше брош со ирско знаме.
Покрај Хенри, актерот го има и 19-годишниот син Џејмс Падраиг. Колку му значат неговите синови покажа во јануари кога го освои Златниот глобус за улогата во веќе споменатиот филм.
„Моите деца го гледаат ова дома. Џејмс и Хенри, љубовите на мојот живот, многу ве сакам“ - кажа тој во говорот.
фото: Принтскрин / Инстаграм