Преслатко: Како звучи кога ѕвездата од „Stranger Things“ ја пее култната песна на Адел

Преслатко: Како звучи кога ѕвездата од „Stranger Things“ ја пее култната песна на Адел

Објавена во: Музика, Филм

Држејќи го розевиот микрофон во раце, Мили ја претстави својата верзија на светскиот хит

Кога Мили Боби Браун имала 7 години, се уште не била светски позната. Меѓутоа, ѕвездата на ТВ серијата „Stranger Things“ наголемо се подготвувала за тоа.

Мили сподели старо видео на кое ја пее химната „Someone Like You“ на пејачката Адел. Држејќи во рака розев микрофон и со снимка од Адел зад неа, Мили ја претстави својата верзија на светскиот хит.

„Наскоро полнам 16 години и самоуверено можам да кажам дека го живеам својот сон. Ова го посакувам на секоја млада личност. Ви благодарам на сите за поддршката. Ве сакам засекогаш.“ - напиша Мили покрај видеото.


Објавена во: Музика, Филм

Можеби ќе ве интересира: