Преслатко видео: Девојче му шепоти на сладоледот за време на предизвикот за трпеливост
Ова е навистина симпатичен момент кога девојчето му шепоти на сладоледот за време на урнебесниот предизвик за трпеливост.
Четиригодишната Сеси Грејс Гогин од Атланта, Џорџија, од својата мајка Бет добила предизвик да не почнува да го јаде сладоледот што бил пред неа, додека таа да се врати.
За кратко, Сеси започнала да му шепоти на сладолетот, додека ја чекала својата мајка.
„Не, не ме лижи, мама кажа: Не го јаде пред да се вратам“ - велеше Сеси додека се преправаше дека ја лиже чашата.