Престана да користи филтри и храбро го покажа лицето: „Ме нарекуваа со погрдни зборови но...“

Престана да користи филтри и храбро го покажа лицето: „Ме нарекуваа со погрдни зборови но...“

Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

Акните можат да направат да се чувствуваме несигурни и да бараме начини да ги скриеме. Инфлуенсерката Кадеја Кан докажува дека не ви е потребна совршена кожа за да се чувствувате убаво

25-годишната Кадеја Кан е инфлуенсерка која на својот Инстаграм покажува како се грижи за својата кожа. Што ја прави различна од милионите други девојки на Инстаграм? Тaa го покажува своето лице целосно нефилтрирано, иако е полно со акни. Затоа, ги поддржува другите луѓе кои се соочуваат со стереотипи поврзани со проблеми со кожата.

- Многу луѓе мислат дека акните се само преоден период кој нè погодува сите нас во адолесценцијата. Живеам подолго со моето отколку без него - вели Кан во интервју за еден интернет портал.


Кан ја добила првата акна на 11-годишна возраст. 

- Започнав во ново училиште и бев под стрес, а тоа само ме натера да поставувам се повеќе и повеќе прашања. Што се акни? Како да се ослободам од нив? Што не е во ред со мене? Зошто кожата не може да биде нормална? Зошто не можам да бидам како другите девојчиња на училиште? - се сеќава Кан.

Кан со часови фантазирала дека нејзината кожа е совршена. Меѓутоа, нејзината реалност беше сосема поинаква. На училиште од своите врсници слушнала дека е „грда“, „одвратна“. Ја нарекувале „болест во движење“ и се смееле на фактот дека нејзиното лице е полно со акни.

- Постојаното злоставување ми ја уништи психата - се присетува 25-годишната девојка. Оваа ситуација предизвикала Кан да стане депресивна. Чувствувала дека акните и го уништуваат животот. Плачела речиси секој ден.

Во исто време, Кан побарала помош од лекар. Користела лекови и креми, ништо не ѝ помогнало. Кога го завршила училиштето, била очајна. Таа се сеќава дека потрошила огромни суми пари за нега.

-Кога и да се појавеше нов производ, трчав во аптека да го купам - вели девојката.

Ниту тоа не помогнало. 

– Се чувствував грдо, се плашев дека другите ќе ме осудат – вели Кан. На нејзините социјални мрежи ситуацијата била поинаква. Инфлуенсерката користела Photoshop. Инстаграм беше единствениот простор каде што таа можела да има „совршена кожа“.

- Ја уредував мојата фотографија до тој степен што не се препознав - се сеќава таа. Таа ја објави лафотографијата и ги прочитала комплиментите. „Ти си убава“, „совршена“. Ова, сепак, направила да се чувствува како измамник.

- Не сакав да работам на создавање лажни стандарди за убавина - вели Кан.

Така, на 20 години решила да престане да користи филтри. Акните ги покажа на Инстаграм и позитивната реакција беше шокантна. Секако, имаше и такви кои ја навредуваа поради тоа ...


- Не можев да верувам дека акните предизвикаа луѓето толку многу да ме мразат - се присетува 25-годишната девојка.

За среќа, таа доби двојно поголема поддршка. Ослободувањето од филтрите ја смени Кан. Таа стана икона на движењето „позитивна кожа“ и оттогаш за неа пишуваат светските медиуми како Вог.

- Растејќи, никогаш не верував дека ќе можам да се сакам себеси, својата кожа. Ништо не ми ги лекуваше акните, но најдов други начини да си помогнам - заклучува Кан.

ФОТО: Инстаграм принтскрин


Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

Можеби ќе ве интересира: