Без караници: Пронајди заеднички јазик со родителите, браќата и сестрите

Без караници: Пронајди заеднички јазик со родителите, браќата и сестрите

Објавена во: Совети // Семејство

Момците и девојките ги менуваме во животот, па дури и пријателите, но семејството ни останува засекогаш. Затоа е важно да не се расправаме и да не ги навредуваме членовите на семејството. Јасно ни е дека тоа не е секогаш нејлесно, но барем обиди се. Мајката, таткото, братот и сестрата не си ги избрал/а, но мораш да се обидеш да ги „истрпиш“.

 - Биди свесен/на дека имаш само едно семејство и за да функционирате супер, треба да направиш еден куп компромиси. Кога еден ден ќе живееш со маж-жена или со цимер на факултет, истото те чека. 

 - Научи  да простуваш. Твоите родители сигурно никогаш нема да те повредат намерно и ако те казнат, го прават тоа за да те научат нешто. И сестрата и братот можеби ќе те повредат, но кога-тогаш ќе зажалат поради тоа.

- Не употребувај грди зборови особено но во наплив на бес. Смири ги нервите, брои до десет па потоа реагирај.

 - Откако ќе се смириш кажи го она што мораш и ако почувствуваш дека повторно во тебе се создава вулкан, едноставно тргни се на страна.

- Пополни го својот распоред на обврски. Ако имаш богат социјален живот ќе бидеш помалку дома и помалку ќе се караш со твоите. Како што знаеш, конкретен рецепт не постои, но веројатно овие совети ќе ти помогнат да најдеш заединчки јазик со домашните.

Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: