Претседателот Пендаровски воодушевен од математичкиот гениј: Или Морина имаше чест да му биде гостин (ФОТО)
13-годишниот математички гениј, Или Морина, вчера му беше гостин на претседателот на државата, Стево Пендаровски.
Претседателот не го криеше воодушевувањето од момчето од Скопје, кое своето слободно време го поминува решавајќи задачи по математика и физика.
„Или Морина е еден од оние надарени ученици кои импресионираат со своите постигнати резултати.
Математичкиот генијалец од својата четврта година решава задачи и своето знаење го споделува јавно преку едукативни видеа на интернет.
Му посакувам уште многу успеси во неговиот пат кон усовршување на својот талент.“ - напиша претседателот покрај фотографиите со Или, кои ги сподели на својот Фејсбук профил.
фото: Фејсбук