Причината зашто поминуваме долго време на социјалните мрежи не е досада: Научниците ја открија вистинската причина
Научниците направија мало истражување за да видат која е точно причината поради која поминуваме толку многу време дневно на социјалните мрежи. Дали е досада или нешто друго? Иако се верува дека сме на нив поради досада, научниците велат поинаку.
Истражувањето кое било спроведено во Кина на 822 корисници, кои биле следени колку време поминуваат на социјалните мрежи и за која цел, истражувачите дошле до малку поинаков заклучок. Иако вообичаено се смета дека луѓето го поминуваат времето на социјалните мрежи од досада, тие велат дека тие им користат да побегнат од стресното секојдневие пишува Метро. Така, според нив, не стануваме зависни затоа што ни е досадно, туку затоа што сакаме да се извлечеме од животот и стресот што го имаме од ден на ден.
Што всушност има смисла ако размислите за тоа. На социјалните мрежи гледаме искривена, разубавена реалност и разубавени животи на луѓе. Тие докажаа дека навистина можеме да станеме зависни од социјалните мрежи, бидејќи кога ќе останеме без нив, се однесуваме како и сите други зависници. Социјалните мрежи ги користиме толку многу како бегство од реалноста што доведува до нивна прекумерна употреба. Но, што би се случило ако еден ден исчезнат сите социјални мрежи?
Не сакаме ниту да помислиме нели?!