Пријател близок на принцезата откри што му кажала Дајана во последниот повик пред смртта

Пријател близок на принцезата откри што му кажала Дајана во последниот повик пред смртта

Објавена во: Живот // Живот

Ричард Кеј е последната личност со која разговарала принцезата Дајана на телефон пред нејзината смрт во 1997 година.

Кралскиот репортер и пријател на Лејди Ди во претстојниот документарец, со наслов Дијана, откри што му кажала во последниот разговор, пишува Инсајдер. Принцезата, вели тој, очајно посакувала нов почеток.

„Разговарав со неа таа вечер. Полицијата рече дека мене ми го упатила последниот повик“ - рече Кај.

„Таа очајно посакуваше нов почеток и да направи нешто поразлично, да истражи друг вид кралство“ - додаде Ричард.

Кај вели дека Дајана „сакала да се врати и да ги види своите момчиња“, мислејќи на нејзините синови Вилијам и Хари.

Дајана почина во август 1997 година во Париз, по тешка сообраќајна несреќа. Доди Фајед и возачот загинале со неа. Нејзиниот помлад син во тоа време имал 12 години, а постариот 15.

Вилијам веста за смртта на неговата мајка ја дознал во замокот во Балморал, за која зборуваше неодамна.

„Бев во Балморал кога ми кажаа дека мајка ми починала. Уште во шок, утрото се најдов на миса кај Крати Кирк. И во најтажните денови што следуваа, најдов утеха во шкотските пространства. Резултат на сето тоа е таа врска со Шкотска, која ќе биде во моите жили до крајот на мојот живот“ - објасни Вилијам.


Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: