Пријателите ја предупредувале Меган за бракот со Хари
Меган Маркл и принцот Хари пред неколку недели најави тужби против британските таблоиди поради кршење на нивните права и неправедни известувања за нив и нивното семејство во весниците, а сега Меган призна дека еден нејзин колега и пријател од „Suits“ одамна ја предупредил на проблемите со кои би можела да се соочи доколку се одлучи да се омажи за прицот Хари.
„Кога го запознав својот сопруг, моите пријатели беа среќни поради мене, бидејќи бев многу среќна. Но, моите пријатели Британци тогаш ми рекоа: 'Сигурни сме дека тој е супер, но можеби не требало да го направиш тоа (да се омажиш за него), бидејќи британските таблоиди ќе ти го уништат животот“ - изјави Меган.
Како што јавува Cosmopolitan, тие биле во право, бидејќи на сличните проблеми ја предупредил и колегата Вендел Пирс, кој и рекол:
„Слушај, твојот живот во потполност ќе се промени, независно од тоа каде си и што се случува, знај дека мене секогаш ќе ме имаш за пријател“.
Иако Вендел признава дека тој и Меган се немаат слушнато, откако таа си заминала од „Suits“, можеби наскоро повторно ќе се сретнат, бидејќи Меган и Харин сериозно размислуваат за да се преселат во Канада.