Приказна за змејот Корона и како луѓето го победиле

Приказна за змејот Корона и како луѓето го победиле

На Интернет кружи приказната за „Злобниот змеј Корона“, а сега можеш да ја прочиташ и ти.

„Приказната за злобниот змеј Корона“ оригинално е настаната во Прага, Чешка, каде ја напишале сестрите Алис Чоп и Класа Веселска. Во идејата им помогнала нивната мајка, Ева Веселска, а змејот го илустрирал и нацртал словенскиот уметник Кајетан Чоп. Останатите илустрации од книгата се направени од страна на учениците на ОУ „Миха Пинтер Толедо“, Плесивец и ЦВИУ Велење.

Книгата подоцна е преведена на уште шест јазици, словенски, италијански, англиски, германски, словачки и хрватски јазик.

Оваа приказна е настаната за децата, но и за на возрасните да им ги олесни овие тешки денови кои дојдоа заедно со коронавирусот. Многу од нас поради неизвесноста чувствуваат депресија, имаат тажни и црни мисли, а особено патат децата, на кои за нормален раст и развој најмногу им е потребна рутината и сигурноста. И токму поради ова настана оваа приказна.

Но, овде не станува збор за лошиот змеј Коронас, туку и приказна за храброста на луѓето кои со заеднички сили успеале да го победат.

Секое дете може да се придружи на борбата против змејот. Како? Тоа ќе го откриете на крајот на приказната!

Бидејќи ја нема на македонски јазик, на хрватски ќе може да прочитате овде.


Можеби ќе ве интересира: