Приказната за „професорот Купидон“: Одлучил да седат заедно во училишната клупа, а сега поранешните ученици го поканиле на свадба (ВИДЕО)

Приказната за „професорот Купидон“: Одлучил да седат заедно во училишната клупа, а сега поранешните ученици го поканиле на свадба (ВИДЕО)

Објавена во: Совети // School zone

На свадбата нема да биде обичен гостин, туку добил почесна улога - водител на свадбената церемонија...

Еден професор од САД на својот ТикТок профил објавил видео кое брои повеќе од 35 милиони прегледи.

Кевин КекКлинток, кој е наставник во едно приватно училиште во Сан Диего, споделил прекрасна љубовна приакзна која започнала во неговата училница и за која во голема мера е заслужен тој.

„Се обложувам дека никогаш не си сфатил како распоредот на седење може да ти го промени текот на целиот живот“ - стои во насловот на видеото.

Професорот објаснил дека неговите ученици почнале да разговараат откако тој им одредил дека мора да седат заедно во училишната глупа.

@mr.mctiktok I bet you never realized that seating charts could change course of your whole life  #mrmctiktok #tiktokteacher #shipped #uglycryingface Tonight Tonight - Hot Chelle Rae

„Седнете двајца ученици заедно и тие разговараат“ - стои во објавата, а професорот забележил дека тие двајца продолжиле да разговараат и по наставата и следниот ден, на што тој тогаш не давал посебно внимание.

„Неколку години откако завршија, се враќаат да ве посетат и да ве замолат да ја водите нивната венчавка“ - откри симпатичниот Кевин.

Во коментарите под неговата објава некои корисници посочија дека своите партнери ги запознале токму на тој начин - во училиште и благодарение на професорите кои одредиле дека мораат да седат заедно во клупа.

„Распоредот на седење за време на часот по историја е причината зошто сега сум во брак со својот сопруг. Ѝ благодарам на професорката“ - напиша една корисничка на ТикТок.

Друг корисник се пошегува дека овој професор е како Купидон кој спојува парови, а Кевин на тоа низ насмевка напиша дека мора да се занимава со некоја дополнителна работа за да може да си ги плаќа сметките.

Инаку, Кевин е многу активен на социјалните мрежи на кои објавува смешни содржини. На ТикТок го следат 2,7 милиони луѓе, а на Инстаграм 184.000 и изгледа како навистина „кул“ наставник.

фото: Принтскрин / ТикТок

Објавена во: Совети // School zone

Можеби ќе ве интересира: