Пример за сите: Марко и Исидора од Прилеп преку едукативно видео посочуваат што значи јазикот на еден народ
Денеска е Меѓународен ден на мајчиниот јазик, ден во кој секоја земја се одбележува мајчиниот јазик.
Според статистичките податоци, во последните три века има изумирање или драматично намалување на јазиците, особено на американскиот и австралискиот континент. Во светот денес се зборуваат околу 6.500 јазици, а на околу половина им се заканува исчезнување во многу делови од светот.
Со, цел зачувување на нашиот, македонски јазик, Марко Јаков и Исидора Николовска од Прилеп направија едукативно видео. На кој начин го изведоа тоа учениците од Медицинското училиште СОУ „Ѓорче Петров“, погледнете во видеото во продолжение:
фото: Принтскрин / Јутјуб