Принц на мотор: Новиот Валентино Роси е момче кое има само 10 години (ВИДЕО)
И покрај младоста, Бенџамин одлично се снаоѓа со морот тежок 120 килограми...
Шпанското чудо во мотоциклизмот Бенџамин Пералта има само 10 години.
Тој веќе покажа огромен талент во возењето мотор. Љубовта кон оваа активност запонала преку неговиот татко Леонардо Пералта.
Неговиот татко, кој инаку е инженер за мотоцикли, го носел на трки уште како многу мал, па така момчето почнало да тренира.
Тогаш имал само 5 години. Својот прв мотоцикл го нарачал за Божиќ и оттука започнало сè. И покрај малиот број на години, Бенџамин одлично се снаоѓа со мотор тежок 120 килограми. Моторот може да развие максимална брзина од 160 километри на час. Неговиот татко истакнал дека на почетокот се плашел, но на крајот дека ги засакал трките.
фото: Принтскрин