Принцот Филип и кралицата Елизабета се сакаа 82 години: Тој се откажал од сѐ за неа

Принцот Филип и кралицата Елизабета се сакаа 82 години: Тој се откажал од сѐ за неа

Објавена во: Совети // Семејство

Тие имаа четири деца: принцот Чарлс, принцезата Ана, принцот Ендру и принцот Едвард.

Војводата од Единбург, принцот Филип, почина во април минатата година на 99-годишна возраст во замокот Виндзор, ја сакаше кралицата до својата смрт. Кралицата Елизабета почина година и пол по него, на 96-годишна возраст. Нивната љубовна приказна датира од детството, и поради неа, тој се откажал од презимето, религијата и кариерата.

Принцот Филип е роден на грчкиот остров Крф во 1921 година за време на наследувањето на троновите на Грција и Данска, а наскоро по неговото раѓање, чичкото на Филип, кралот Константин Втори, бил принуден да абдицира, па семејството на принцот морало да избега во Франција .

Семејни проблеми

Принцот го носеле во импровизирано креветче направена од кутија со овошје. Мајката на Филип подоцна завршила во психијатрија затоа што и била дијагностицирана шизофренија, додека татко му го напуштил семејството.

Одличен студент со ветувачка кариера во морнарицата

Во својата младост, тој бил опишуван како „паметен човек, но исклучително љубезен“. За да заштеди пари, тој посетувал училиште во Германија, кое било во сопственост на неговиот брат. За жал, само неколку години подоцна, неговата сестра и нејзиното семејство, вклучително и три мали деца, загинаа во авионска несреќа. Неговиот вујко и старател, лордот Милфорд, починал од рак на коските следната година.

И покрај сите тешкотии, Филип дипломирал и се запишал на Кралскиот факултет - морнарица, се истакнува како „најдобриот кадет“, станувајќи најмладиот прв поручник во Кралската морнарица.


Судбинска средба со Елизабета

Во 1939 година, принцот Филип се сретна со принцезата Елизабета, која се вљубила во него. Тој во тоа време имал 18 години, а таа само 13 години.

Тие започнале да си разменуваат љубовни писма - љубовни изјави преточени на хартија до 1946 година.

„Бевме разделени за време на војната, што ни даде простор уште повеќе да се заљубиме“, напишал Филип во едно писмо до Елизабета.

Тогаш Филип го молел кралот за благослов да се ожени со Елизабета.

Кралот на почетокот не го одобрувал тоа, бидејќи според кралските стандарди Филип бил сиромашен.

Тој бил грчки принц, со нацистичко семејство, а кралот го сметал за „досаден и иритантен“. Бидејќи била навистина многу блиска со нејзиниот татко, Елизабета конечно го убедила кралот Џорџ Шести да се согласи и да и даде благослов за брак.

Принцот Филип морал да се одрекне од кралската титула, станал државјанин на Велика Британија, се откажал од религијата и го усвоил презимето на неговата мајка. На денот на неговата венчавка, тој имал само 12 пени на својата сметка.

До смртта на кралот Џорџ објавено е дека новата кралица нема да го земе презимето на нејзиниот сопруг, туку ќе биде Виндзор до крајот на животот.

Ова навистина го вознемирило војводата:

„Јас не сум ништо друго освен амеба. Јас сум единствениот човек во земјата што не може да им го даде своето име на своите деца!“

Филип немал друг избор освен да се откаже од кариерата во морнарицата и тоа му било многу тешко.

Свадба

Кралската венчавка на Елизабета и Филип се одржала на 20 ноември 1947 година, а на неа присуствувале 2.000 гости. Церемонијата на векот ја пренесувале радиостаниците ширум светот.

По венчавката, кралскиот пар, според правилата на повисоката класа, во тоа време, живеел во посебни простории.

Децата

Тие имаа четири деца: принцот Чарлс, принцезата Ана, принцот Ендру и принцот Едвард.

Поголемиот дел од своето време го поминувале како семејство во Малта, каде што Филип бил стационира на воена должност. Како што пишувале во биографиите, нивниот живот во тоа време бил „најнормален“.

Кралицата во 1972 година изјавила дека нема забелешки по 25 години брак.

„Јас сум целосно за брак“, рекла Елизабета Втора.

Кога ја прославиле педесетгодишнината од бракот, Филип рекол дека најважна во бракот е „толеранцијата“, и дека Елизабет секако ја има ...


Пензионирање и најстари човек во британската монархија

Принцот Филип завршил околу 22.219 независни проекти за кралицата, сè додека не поднесол оставка во 2017 година. Војводата имаше 99 години кога почина, а неговиот имот се проценува на околу 30 милиони долари.

Средствата на кралицата надминуваат 500 милиони долари, а нивниот син, принцот Чарлс, има имот вреден 400 милиони долари.

Пред да се пензионира, принцот Филип се занимавал со добротворни активности, претежно со заштита на дивиот свет.

Извор: stil.kurir.rs/Фото: profimedia


Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: