Принцот Хари го шокираше светот: Изводот на родени на малата Лилибет откри дека го прекршил ветувањето

Принцот Хари го шокираше светот: Изводот на родени на малата Лилибет откри дека го прекршил ветувањето

Објавена во: Живот // Живот

Додека овие денови принцот Хари ќе престојува во Обединетото Кралство, а Меган Маркел ќе биде сама во Калифорнија со нивните наследници, светот започна да го тресе нов скандал...

Овие денови странските медиуми пишуваат за тоа дека Меган останала без титула, што се гледа по Изводот на родени на Лилибет „Лили“ Дајана Моунтбатен - Виндзор.

Покрај името на Хари сѐ уште стои титулата Негово кралско височество (His Royal Highness), како и војвода од Сасекс, додека Меган се откажала од својата титула и покрај името на мајката, стои само Рејчел Маркл, нејзиното вистинско име.

Сепак, оставена ѝ е титулата војвотка од Сасекс, бидејќи била подарок од кралицата Елизабета Втора (95) по повод венчавката. Хари минатата година кажа дека по напуштањето на кралските должности ќе се откаже од титулата, но изгледа дека ја има задржано.

фото: Reuters

Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: