Принцот Хари пред да дојде на погребот му испратил емотивно писмо на својот татко: Не поминало како што очекувал

Принцот Хари пред да дојде на погребот му испратил емотивно писмо на својот татко: Не поминало како што очекувал

Објавена во: Живот // Живот

Можеби со раѓањето на второто дете, принцот Хари ќе успее да ги поправи заладените односи во семејството...

Принцот Хари му напишал многу лично писмо на својот татко пред неговто враќање дома по повод погребот на принцот Филип, меѓутоа тоа не помогнало да се поправи нарушениот однос помеѓу таткото и синот, кој постои повеќе од една година.

Хари го контактирал својот татко пред доаѓањето во Велика Британија, но тој ладно му одговорил, бидејќи сѐ уште бил повреден поради интервјуто кое Хари со својата сопруга Меган Маркл го даде на Опра Винфри, додека војводата од Единбург бил во болница и се борел за живот, пишуваат британските медиуми.

Извори блиски до војводата од Сасекс раскажаа дека поради прекинот на комуникација бил принуден да му пишува писма на татко му. Во своето писмо тој ги изнел своите причини за заминувањето, ветувајќи дека ќе ја почитува институцијата кралско семејство, открија изворите.

Хари во спорното интервју тврдеше дека член на семејството коментирал колку ќе биде „невесело“ неговото неродено дете, додека Меган тврдеше дека семејството одбило да ѝ помогне кога била суицидна додека била бремена. Хари ѝ кажа на Опра дека неговиот татко и брат се заробени во кралското семејството и дека не можеле да заминат доколку посакале, пишува „Mirror“.

„За волја на вистината, Хари всушност не знаел што да очекува пред да се врати дома. Му напиша многу лично писмо на својот татко за да се обиде да ги исправи работите, но тензиите помеѓу нив се големи и работите не се поправија како што очекуваше тој“ - рече изворот близок до Хари.

„Во семејството владееше чувство дека нема време, ниту место за да се преиспитаат работите, особено во таков емотивен момент. Чарлс оттогаш отпатува во својот дом во Велс, каде работи од дома и продолжува да го почитува кралскиот период на жалост кој се завршува овој четврток. Во палатата има многу недоверба и сè е сè уште многу, многу сурово“ - додава неименуваниот извор.

Извор од палатата кажа дека Чарлс се надевам дека ќе го види својот син по погребот на Филип, но Хари му кажал дека нема да се задржува. Неговата сопруга Меган Маркл наскоро би требало да се породи и да го роди нивното второ дете - ќерка. Тој додава и дека Вилијам и Чарлс моментално се насочени кон давањето поддршка на кралицата во најтешките моменти, откако остана без својот сопруг, принцот Филип.

фото:  Tanjug/AP

Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: