Принцот Хари за последниот разговор со својата мајка: Ќе жалам до крајот на животот поради тоа

Принцот Хари за последниот разговор со својата мајка: Ќе жалам до крајот на животот поради тоа

Објавена во: Живот // Живот

Хари додаде дека нивниот татко направил сè што можел и се погрижил да бидат заштитени...

Тоа беше шокантен и потресен момент што доведе до национална жалост, кој многумина го чувствуваат и денес. Принцезата Дајана почина на 31 август 1997 година во сообраќајна несреќа во Париз и тој ужасен ден сè уште живее во сеќавањето на многумина, вклучувајќи ги и нејзините синови.

Младите принцови, Вилијам и Хари, кои тогаш имале по 15, односно 12 години, во тој момент биле на одмор со принцот Чарлс во Шкотска.

Чарлс бил тој кој им ги соопштил ужасните вести.

„Една од најтешките работи кои родителот треба да ги направи е да  им каже на децата дека другиот родител починал. Како да се носиш со тоа? НЕ знам, но тој беше тука за нас“ - кажа принцот Хари во документарецот за Би-Би-Си.

Хари додаде дека нивниот татко направил сè што можел и се погрижил тие да бидат заштитени. 

„Но, и тој поминуваше низ истиот процес на тага“ - додаде Хари.

Вилијам раскажа дека се чувствувал многу збунето.

„Постојано се прашуваш: Зошто јас? Што направив? Зошто ова ни се случува на нас?“ - кажа тогаш Вилијам.

Нивната последна интеракција со мајка им била краток телефонски повик, нешто што се случувало секоја вечер откако нивните родители се развеле, пренесува „Мирор“.

„Навистина не можам да се сетам што кажам. Но, до крајот на животот ќе жалам за тоа колку беше краток тој телефонски повик. И да знаев дека тоа ќе биде последен пат како разговарам со мојата мајка, би ѝ кажал некои работи“ - кажа Хари во документарниот филм на ХБО од 2017 година.

Помалку од една недела подоцна морале да се простат од својата мајка на погребот кој го следеше целиот свет.

Се проценува дека околу 2,5 милијарди луѓе ширум свеотт гледале како Вилијам и Хари шетале зад ковчегот, со наведнати глави.

Покрај нив биле Чарлс, братот на Дајана, Ерл Спенсер и принцот Филип.

„Ќе одам, доколку одите и вие“ - им ветил принцот Филип на своите неутешни внуци.

Хари се присети и на тој ден.

„Мојата мајка само што почина, а јас морав да одам долго време зад нејзиниот ковчег, опкружен со илјадници луѓе кои ме гледаа, додека уште милиони следеа на телевизија. Мислам дека под никакви околности не треба да се побара тоа од било кое дете. Мислам дека тоа не би се случило денес“ - кажа Хари.

Хари кажа дека првпат плачел кога неговата мајка била погребана на семејните гробишта во Алторп, на Овалното езеро.

На ова место нејзиното семејство може да тагува и принцезата на народот да ја има само за себе. 


Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: