ПРИНОВА КАЈ БИБЕРОВИ: Џастин и Хајли очекуваат бебе?!
За нив секојдневно дознаваме нешто... Но, оваа вест е најпосебна!
Кога се во прашање Џастин И Хајли Бибер, нема ден а да не прочитаме нешто ново во врска со нив. И секогаш станува збор за некоја шокантна вест. Се караат, се смируваат, веќе не се заедно, ќе се венчаат наскоро, нема да се венчаат и се така до бесконечност.... Но, ова е дефинитивно најдобрата вест за нив досега!
Имено, Џастин на својот Инстаграм профил објави фотографија под која напиша нешто многу интересно поради кое луѓето почнаа да шушкаат дека Хајли е можеби бремена, пишува Seventeen.
Се започна по емотивната порака на Џастин за тоа како не може да објавува нова музика. Тој напиша дека последната турнеја му била навистина тешка и дека сега ссе фокусира ментално да биде подобро. И токму оваа реченица ги покрена гласините за бременоста.
„Фокусиран сум на поправањето на некои свои проблеми, кои многумина од нас ги имаат, бидејќи не сакам да се распаднам, а и затоа што сакам да одржам здрав брак и да бидам татко каков што сакам да бидам“ - напиша Џастин.