Принова во познатото турско семејство: Онур и Шехерезад го очекуваат второто дете
Онур и Шехеразад го очекуваат второто дете! Оваа вест како бомба одекна во турските медиуми. Веќе неколку месеци се шушка за втората бременост на убавата актерка, а потврдата пристигна на прославата на 50 - от роденден на нивната блиска пријателка Ајше Берим. Додека ја напуштала забавата, 36 годишната Бергузар неуспешно пробала со торба да го сокрие трудничкото стомаче од фоторепортерите.
Иако оваа среќна вест настојуваа да ја задржат далеку од очите на јавноста, нивната среќна тајна е откриена. Но, парот и понатаму не сака да ја коментира бременоста, туку само се заблагодарија на прекрасната забава.
„Долго не сме се забавувале. Ова беше прекрасна забава. Ја сакаме Ајше, соработуваме од 2006 година и сега сме како семејство“ - изјавија на новинарите.
Во јавноста не се појавуваат често заедно, туку со својот 8 - годишен син Али, уживаат во приватноста и времето најчесто го поминуваат дома. Во 2018 година заедно отворија мало кафуле и се насочија кон семејниот живот. Актерката во неколку наврати најави дека би сакача да има уште деца, а особено би сакала да стане мајка на девојче. Изгледа дека желбата за проширување на семејство се остварила, но полот на детето се уште парот го чува во кругот на семејството.